X
 04.11.2023 Технологија

Нов сензор детектира движења помали од една стотинка од ширината на човечко влакно

Инженери создадоа радарски сензор со големина на зрно кој може да детектира движења мали помали од една стотинка од ширината на човечко влакно.

Тимот од Универзитетот на Калифорнија во Дејвис го создаде прототипот на сензорот, кој треба да биде евтин и енергетски ефикасен. Сензорот се опишува како реализација на „невозможна мисија“.

Сензорот функционира со помош на таканаречени милиметарски бранови, што претставува елекетромагнетна фреквенција која се движи од 30 до 300 гигахерци и се наоѓа меѓу брановите на кои функционираат микробрановите пречки и инфрацрвената технологија.

- Радарите со милиметарски бранови испраќаат електромагнетни бранови кои брзо се движат до целите за да го анализираат нивното движење, позиција и брзина од брановите што се враќаат назад - се објаснува во соопштението.

Милиметарските бранови имаат неколку придобивки, вклучително и природна чувствителност на кратки движења и капацитет за фокусирање на објекти со мали размери.

Новиот сензор може да детектира промени во позиција на објект помали од една стотинка од ширината на човечко влакно, а да идентификуваат уште помали вибрации.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: UC Davis
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија