X
 12.05.2015 Образование

Која е поентата на високото образование?

Подготовката на студентите за работното место не е цел на голем дел од високообразовните институции ширум светот, особено не на оние кои се сметаат за истражувачки.

Еден од последните проекти на Џулијан Л. Алсид, познат американски универзитетски професор анализирал технолошки стартап-компании во Бруклин, Њујорк. Клучните прашања на кои барал одговори биле за вработените кои се бараат од страна на тие компании, како и образованието и искуството кое го бараат од новите вработени.

Професорот открил дека овие нови компании наоѓаат млади таленти на едно место - Технолошкиот институт во Рочестер. Зошто токму таму?

Имено, студентите на овој институт имаат развиени и академски вештини како и искуство од реалниот сектор потребен за стартап компаниите. Барем од перспективата на компаниите, засега не постои друга образовна институција која ги подготвува своите студенти толку добро како нив.

Зошто останатите институции не започнат со подготовка на студентите на овој начин?

Професорот Алсид не се обидува да го отфрли стогодишното високо образование и квалитетот на престижните универзитети. Истражувањата покажуваат дека образованието чини сè повеќе, но работодавците се сè повеќе незадоволни од дипломците.

Се работи за недостаток од техничко знаење за решавање проблеми и комуникациски способности кои се бараат во модерните индустрии. Подготовката на студентите за работното место никогаш не била цел на високообразовните институции, особено не американските, во кои се интересира професорот Алсид.

Денешната реалност е таква што развојот на било кои образовани професионалци не е она што го бараат работодавците. Технолошкиот институт во Рочестер нуди можен излез - едукативен модел во кој односот меѓу работодавецот и образованието е составен дел од процесот на обликувањето на умот.

Професорот испраќа порака до традиционалните високообразовни институции да бидат подготвени да прифатат нови методи и да имаат разбирање за искуството кое е потребно да им се даде на студентите.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование