X
 12.05.2019 Наука

Луѓето што секогаш ги истакнуваат граматичките грешки сe многу напорни

Научниците открија дека луѓето на кои постојано им пречат и постојано укажуваат на граматичките грешки што се прават онлајн се „помалку пријатни“ личности отколку оние што не ги потенцираат.

А оние пријатели што се супер чувствителни на правописните грешки на вашиот фејсбук-профил? Психолошкото тестирање открива дека се помалку отворени.

Со други зборови, тие се токму она што мислевте дека се.

Со истражувањето објавено во 2016 година всушност првпат истражувачите покажале дека особините на една личност може да одредат како таа реагира на правописни и граматички грешки, и може да нè научи многу за тоа како луѓето комуницираат онлајн.

- Ова е прво истражување што покажува дека карактеристиките на личноста имаат влијание врз толкувањето на јазикот - вели водечкиот истражувач Џули Боланд од Универзитетот во Мичиген.

- Во овој експеримент ги испитавме општествените судења што читателите ги имале за писателите - додава Џули.

Истражувачите испитале 83 учесници и ги замолиле да прочитаат одговори на е-пошта за оглас за цимер, што или не содржела грешки или бил променета за да содржи правописни грешки или граматички грешки. Потоа, овие луѓе го оценувале лицето што ја напишало е-пораката врз основа на интелигенцијата, пријателската настроеност и други атрибути, за тоа дали би биле добри цимери. Исто така, на крајот на експериментот биле запрашани дали забележале граматички грешки или правописни грешки во пораките и ако забележале, колку им пречеле.

Потоа истражувачите побарале од учесниците да направат процена за личноста наречена „Големите пет“, која ги оценува каде се наоѓаат на скала на отвореност, согласност, екстроверзија/интроверзија, невротичност и совесност - како и да одговорат на прашања поврзани со нивната возраст, потекло и однос кон јазикот.

Генерално, сите оценија дека измислените кандидати за цимери со правописни грешки и граматички грешки во е-пораките се полоши од оние што имале совршен правопис и граматика. Но, дефинитивно имало одредени типови личности што ги оцениле погрубо.

На пример, екстровертите имале генерално поголема веројатност да ги игнорираат граматичките и правописни грешки, додека интровертите имале поголема веројатност да ги проценат кандидатите негативно токму поради грешките.

Луѓето што биле тестирани како посвесни, но помалку отворени биле почувствителни на грешките, додека оние со помала веројатност за согласност биле повеќе вознемирени од граматичките грешки.

- Можеби тоа е затоа што луѓето со помала веројатност за согласност се помалку толерантни за отстапувања од конвенционалното - пишуваат истражувачите.

Интересно, нечија невротичност не влијае врз тоа како тие ги интерпретираат грешките.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука