X
 15.09.2017 Наука

Што ако можеме да доживееме длабока, длабока старост?

Стогодишните родендени на луѓето порано биле толку ретки, што често луѓето што ги прославувале се наоѓале на насловна страница од весник или на радио. Меѓутоа, денес овие прослави се доста почести. Современата медицина и технологија и релативно мирната клима во поголемиот дел од светот предизвикаа продолжување на животниот век. Бројот на луѓето на возраст од 100 години секој ден расте, убедувајќи многу научници дека можеби и не постои максимална возраст за луѓето.

Во 1900 година просечниот животен век кај мажите беше 46,3 години, а кај жените 48,3 години. До крајот на векот животниот век значително се зголеми - 75 години за мажите и 80 години за жените.

Врз основа на овие броеви, не треба да биде изненадување што во 1900 година стогодишниците биле прилично ретки. Денес, ОН проценуваат дека постојат над 3,5 милиони стогодишници и суперцентаријанци до 2050 година. Ако оваа бројка не ве изненадува, тогаш веројатно ќе ве изненади тоа што холандски научници предводени од Јан Виџг искористиле математички модели и успеале да предвидат дека до 2070 година просечниот човечки животен век може да се зголеми на 125 години, и предизвикале контроверзија во научната заедница кога го објавиле нивниот труд во октомври 2016 година.

Спротивно на она што можеби го мислите, трудот на Виџ и неговиот тим не бил оспорен поради бројот, туку поради тоа што е премногу рано да се утврди дека целосниот потенцијал за просечниот животен век ќе продолжи да расте. До денес се објавени уште пет други истражувања што ги оспоруваат нивните тврдења.

Данскиот демограф Џејсм Вапел, кој ја основал Меѓународната база на податоци за долговечност, тврди дека Виџ и неговиот тим користеле застарени истражувања и според тоа, нивните резултати не биле точни. Научниците од Универзитетот „Мекгил“ во Монтреал и Универзитетот во Копенхаген, Данска, исто така изразија аргументи според кои не се согласуваат со нивното истражување.

Сепак, други научници тврдат дека луѓето го исполниле максимумот од својот животен век и дека бројот на луѓето што се на 110-годишна возраст е премногу мал за да привлече спротивни докази.

Која и да е вистината, научниците од оваа и од следната генерација ќе имаат уште многу години за анализирање на испитувањата на нивните колеги од пред еден век.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука