X
 08.07.2016 Наука

Огромната "ламба од лава" во Земјата ги зачудува научниците

Жешки парчиња кои се можеби растопен метал и камења, кои се во големина од два континета, се наоѓаат длабоко под земја, на околу половина пат до центарот на Земјата.


Овие необични структури - секоја од нив е околу 100 пати повисока од Монт Еверест - можеби се составени од материјали кои можат да не' донесат до откривањето како била оформена Земјата. Една од овие грутки е лоцирана под Тихиот океан, а останатите се под Атлантикот. Овие подземни структури праќаат избувнуваат низ камењата како ламба од лава.

Научниците сега сметаат дека овие маси се разликуваат од останатите камења не само според температурата. Постои и разлика во составот, што значи дека тие можат да содржат материјали кои типично не се наоѓаат во другиот дел на Земјината наметка. Па дури и најосновните информации за овие грутки се сеуште мистерија.

Најголемото прашање е, што е тоа и како се формирало?

Научниците ги набљудувале овие грутки со децении со контрола на сеизмичките активности на двата региона. Различни видови на сеизмички бранови патуваат со различни брзини, во зависност од видов на каменот низ кој грутките поминуваат.

Со споредба на времетраењето и доцнењето на сигналот од повеќето локации, сеизмолозите можат да изградат модели од тоа што се наоѓа во внатрешноста на Земјата. Грутките се карактеризираат со помала бранова брзина, што значи дека се со различна температура од остатокот на Земјината наметка. Но на некои краеви, нормалните бранови брзини се менуваат нагло во ниски бранови брзини. Бидејќи се големи и имаат поспора бранова брзина, грутките имаат голема ниска зона на забрзување.

Сепак, не се знае многу за потеклото или составот на овие чудни каменести грутки. Споредбата со лава ламбата е соодветна - освен што кога овие грутки ќе го достигнат врвот, ќе се растурат и експлодираат наоколу на површината на Земјата. Ако посебно голем излив на магма исплива на површината, тоа ќе резултира во „масивна ерупција каде лавата ќе излегува еднаш од милиони години.“

Сепак нема потреба од паника. Следната можеби е на пат, но можеби е и на далечина од милион години. Научниците не се сигурни дали грутките се направени од материјал кој доаѓа од кората на Земјата или е само хемиска комбинација која датира уште од создавањето на Земјата.

„Доколку се разберат овие грутки подобро, тоа ќе претставува чекор напред кон разбирање на длабоките случувања на нашата планета.“ - велат геолозите.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука