X
 21.07.2016 Наука

Научниците создадоа ефикасно складирање на податоци во атом

Научниците во Холандија успеале да напишат податоци, манипулирајќи атомите на хлор да складираат килобајт податоци во она што го нарекуваат „најмалиот хард диск“.

 

наука


Инспирирани од познатиот физичар Ричард Фејнман, кој во 1959 година предвидел дека еден ден поединечните атоми може да се организираат на тој начин на кој ќе складираат информации - истражувачите кодирале еден дел од говорот на Фејнман на темата во нивниот атомски килобајт.

Според тимот од Кавли Институтот за нанонаука на Делфт Универзитетот, пишувањето на податоци на толку мал обем - 1 килобајт, снимен на површина од само 96 нанометри и висок 126 нанометри - овозможува густина на складирање од 500 терабајти на квадратен инч што е 500 пати подобро од можностите на најдобрите хард дискови кои ги користиме денес.

„Теоретски, оваа густина на складирање овозможува сите книги некогаш создадени од луѓето да бидат запишани во една малечка поштенска марка“, вели водечкиот истражувач Сандер Оте.

За да го создадат нивниот механизам, истражувачите користеле микроскоп за скенирање и тунелирање, алатка која им овозможува на научниците да сликаат и манипулираат со материјалот на атомско ниво. Со истражувањето, тие успеале физички да ги организираат атомите на хлор на бакарна плоча, движејќи еден по еден со цел да направат блокови од меморија.

„Секој дел се состои од две позиции на површината од бакарните атоми и еден атом на хлор кој може да се лизга напред/назад помеѓу тие две позиции. Ако атомот на хлор е горе, има дупка под него - ова го нарекуваме 1. Ако дупката е горе, а атомот на хлорот е на дното, тогаш делот е 0.

Бидејќи техниката овозможува податоците да бидат запишани на толку намален обем во споредба со денешните уреди за складирање, тие хипотетички може да нудат поголема ефикасност за складирање - намалувајќи ги масивните центри за податоци во кои се наоѓаат нашите информации во облакот, и овозможувајќи уредите да станат уште повеќе минијатуризирани.

„Во моменталната форма, меморијата може да работи само во доста чисти услови на вакуум и течна азотна температура (-196 степени Целзиусови), па затоа ќе биде потребно време да се внесе во секојдневна употреба.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука