X
 25.11.2016 Култура

Како настанал хаосот на Блискиот Исток?

„The Economist“ објави кратко видео вo кое се сумирани настаните од 1916 година, кога се одржале преговорите за Сајкс-Пикот. Видеото објаснува како се чувствуваат последиците и денес.

 

хаос


Британскиот дипломат Марк Сајкс за „The Economist“ ја опишува битката која тогаш беснеела на Блискиот Исток.

Неколку месеци подоцна со својот француски колега Франсоа Џорџ Пикот постигнале таен договор за распределба на колонијалните интереси на Блискиот исток и ја поделиле Отоманската империја после завршувањето на Првата светска војна. Велика Британија и Франција во рамките на нивните сфери на интерес можеле да ги утвруваат границите на новоформираните држави.

Со овој договор на Велика Британија ѝ биле доделени областите кои го опфаќале денешен Јордан, Ирак и областите околу израелското пристаниште Хаифа. Франција ја презела контролата на југо-источна Турција, северниот дел на Ирак, Сирија и Либан. Мапата која ја создале поставила темели за децении немири.

„Буквално повлекоа граница помеѓу Сирија и Јордан и Сирија и Ирак. Не било земено во предвид реалната локална поделба, политичката реалност, племињата кои имале семејства од двете страници“, објаснува Хајдер ал Кхоеи, соработник во програмата за Блискиот исток и Севена Африка во „Chatham House“.

Договорот Сајкс-Пикот значел многу повеќе од поделба. За Арапите тоа било предавство. „Британците им рекле на Арапите во регионот дека ќе имаат право на самоопределување после распаѓањето на Отоманската империја. Но мапата била нацртана во тајност и на тој начин Британците ги предале Арапите кои се бореле на нивна страна“, вели Хајдер.

Овој договор ги претставувал  колонијалните граници наметнати врз Блискиот Исток. И денес, после еден век, договорот предизвикува немири. Џихадистите од Исламска Држава не ги признаваат овие граници. ИСИС навлезе преку сириско-ирачката граница, прогласи калифат и изјави дека договорот Сајкс-Пико е завршен.

Ова беше силна порака за меѓународната заедница, особено за Западот. „Пред 100 години, западните лидери лесно повлекоа линија во песокот, но денес ги чекаат бесни и вооружени мажи и жени кои таа линија сакаат да ја избришат“, вели Хајдер.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура