X
 16.10.2019 Образование

Кои земји имаат најмногу доктори на науки?

Дали имате докторат? Ако одговорот е да, вие сте меѓу мал, но растечки процент на возрасни што го заработиле највисокиот степен доделен во академската област.

Само 1,1 отсто од 25 до 64-годишните лица имале докторат во просек во земјите на ОЕЦД во 2018 година, спред извештајот на „Образование на прв поглед“ за 2019 година.

Но, како што покажува графиконот подолу, учеството на популацијата со докторски студии значително варира во земјите на ОЕЦД, со речиси 4 отсто во Словенија и 0,1 отсто во Индонезија.

doktorski
Фото: OECD


Растечки базен на кандидати за докторски студии

Кога станува збор за чисти броеви, САД имаат најмногу доктори на науки (71.000 во 2017 година), иако се рангирани на четвртото место по глава на жител. Веднаш по САД следуваат Германија и Велика Британија со околу 28.000 секоја од овие земји.

Севкупно, бројот на доктори на науки пораснал за 8 отсто во земјите на ОЕЦД помеѓу 2013 и 2017 година, особено во Мексико, Шпанија и во САД. Ако продолжи сегашното темпо на раст, тогаш 2,3 отсто од денешните млади што живеат во земјите на ОЦЕД ќе продолжат да студираат и да се здобијат со докторска диплома во текот на нивниот живот.

Ова е добра вест не само за докторите на науки кои можат да очекуваат релативно високи стапки на вработеност и висока плата во повеќето земји, туку и за цели економии.

Со унапредување на знаењето и истражувањето низ академијата и индустријата, докторите на науки може да помогнат да ги направат економиите поиновативни.

Не е ни чудо што некои земји се обидуваат да привлечат повеќе кандидати за доктори на науки со стимулации како што се пониски даноци (Австралија, Италија и Швајцарија) и нивно препознавање како вработени наместо како студенти (Норвешка и Швајцарија).
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование