X
 18.02.2020 Наука

Можни последици врз планетата од пожарите во Австралија

Во текот на 2019 и 2020 година во Австралија имаше пожари во секоја држава. Тие уништија големи зелени површини во земјата, но последиците од нив ќе се чувствуваат и понатаму, и тоа низ целиот свет. Ова се некои од промените што може да се случат како последица на неодамнешните пожари во Австралија.

Зголемено испуштање јаглероден диоксид

Чадот од пожарите ќе се прошири и во другите делови од планетата и ќе го зголеми јаглеродниот диоксид во воздухот. Експертите велат дека ова може да ги влоши последиците од климатските промени и може да резултира во намалено растење на зелени растенија.

Помалку вода

Жителите на Сиднеј се радуваат на дождот од почетокот на годината, но пресилните дождови може да предизвикаат проблеми со водоводот и да ги загрозат изворите на питка вода доколку таа се измеша со пепел и изгорена вегетација.

Уништување на морскиот свет

За време на пожарите изгорени делови и пепел се исфрлаат во океанот, што може да предизвика изумирање на одредени морски животни и растенија.


Фото: Pixabay.com

Негативно влијание врз производството на храна

Пожарите убија многу животни и уништија површина на која се одгледувале домашни животни. Биле погодени многу сточари, а овој проблем, заедно со климатските промени, ќе влијае врз квалитетот на храната. Ќе се произведува помалку храна, што ќе ги зголеми цените насекаде.

Уништување на екосистемите

Многу животни не можеле да избегаат од пожарите. Некои се пред целосно изумирање, а некои не можат да најдат храна за да преживеат. Природниот екосистем во Австралија целосно ќе се смени.

Побрзо топење на глечерите во Нов Зеланд

Ледниците во Нов Зеланд постојано губат снег, а ова се влошило по пожарите во Австралија. Според еден експерт, топењето на глечерите може да се забрза од 20% до 30% оваа сезона. Освен тоа, се забележува и затемнување на снегот поради пепелта од пожарите.

Закана за јавното здравје

Квалитетот на воздухот се намалил поради пожарите и влијае врз респираторниот систем на луѓето. Тоа претставува закана за здравјето, а најпогодени се постарите лица, децата и луѓето со хронични болести.

Извор: brightside.me
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука