X
 10.03.2016 Образование

Часовите по филозофија ги прават децата попаметни по математика и англиски јазик

9 годишните и 10 годишните деца во Англија кои имаат часови по филозофија еднаш неделно во текот на една година значително ги подобриле резултатите по математика и писмени вештини, а учениците со поголеми проблеми покажуваат најзначајни придобивки, вели едно истражување.

Повеќе од 3.000 деца од 48 училишта низ Англија учествувале во неделните дискусии за концептите како што се вистина, правда, пријателство и знаење со време посветено за тивко размислување, создавање прашања, проверување на прашањата и градење на мисли и идеи.


Децата кои се одлучиле за овој курс имале значително подобри резултати по математика и читање со еквивалент на два месеци дополнителна настава, иако курсот не бил дизајниран да ги подоби писменоста или математиката. Децата кои имале поголеми проблеми имале уште повеќе подобрувања после овој курс: нивните вештини за читање се зголемиле за четири месеци, математика за три месеци, а пишување за два месеци. И наставниците исто така објавиле корисно влијание врз довербата и способност да ги слушаат другите.

Истражувањето било спроведено од „Education Endowment Foundation“ (ЕЕF), непрофитна организација која сака да го затвори јазот помеѓу семејните приходи и образованието. ЕЕF ја тестираше ефикасноста на интервенцијата на филозофијата преку едно контролирано истражување, слично на истражувањата со кои се тестираат лековите.

22 училишта дејствувале како контролна група, додека другите 26 имале часови по филозофија (еднаш неделно, по 40 минути).

Корисните ефекти од часовите по филозофија траеле две години, со тоа што групата која земала часови по филозофија продолжила да ја надминува контролната група долго време откако завршиле часовите.

„Нив им беше презентиран нов начин на размислување и изразување на себеси“, вели Кеван Колинс, извршен директор на ЕЕF. „Тие повеќе размислуваа логички и ги поврзуваа идеите“, додава тој.

Англија не е првата земја која експериментира со наставата по филозофија. Програмата која EEF ја искористи, наречена „P4C“ (Philosophy for children) била дизајнирана од професорот Метју Липман во Њу Џерси во 1970-тите со цел учениците да научат вештини за размислување преку филозофски дијалог. Во 1992 година, било создадено Здружението за унапредување на филозофските прашања и одраз во образованието со цел да ја поттикне Британија да започне со програмата која била усвоена во училишта во 60 земји.

Оваа програма не се фокусира на читање на текстови од Платон и Кант, туку се читаат приказни, песни или видео клипови кои предизвикуваат дискусии за филозофски прашања. Целта е да им се помогне на децата да расудуваат, да формулираат и да прашуваат прашања, да се вклучат во конструктивен разговор и да развиваат аргументи.

Колинс се надева дека најновите докази ќе ги убедат директорите на училиштата да направат место за предметот филозофија во нивните училишта. Програмата ги чини 16 фунти по студент.

„Програмите како оваа ве тераат да одите напред со наставата, а не назад, особено кај деца кои имаат потешкотии при учењето“, вели Колинс.

Според EEF, 63% од британските 15 годишни ученици постигнуваат добри резултати на испити, во споредба со 37% од учениците кои имаат потешкотии во учењето.

Сократ еднаш рекол дека вистинското знаење постои во тоа да знаете дека не знаете ништо. Но, за да се затвори јазот во образовните резултати, некои наставници се чини дека веруваат дека оваа филозофија има важна улога.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование