X
 02.10.2016 Култура

Кој го измислил бројот нула?

Знаењата што се учат се користат секој ден, помалку или повеќе, но често се земаат здраво за готово и без интерес за тоа како се дошло до тие сознанија. Таков е примерот со системот на броеви и нулата.

нула


Нулата
не постоела отсекогаш. Како генијална идеја била измислена од човекот дури откако се знаело како се брои. Нулата има значење на отсуство на вредност, но и таа е број сама по себе.

Античките сумерски писари користеле празни места за одбележување на отсуства, додека Вавилонците користеле знак од два мали клина за да прават разлика меѓу величините. Маите исто така имале сличен начин на бележење во нивните календари.

Во петтиот век системот на броеви на Индија бил првиот што го применил концептот на нулата како број. Во 7 бек индискиот математичар Брамагупта користел точки за да го покаже нејзиното место, а го признал и како број со нула вредност што бил наречен „суниа“. Овој концепт од Индија се раширил во Кина и Блискиот Исток. Математичарот Мохамед ибн-Муса ал-Коваризми ја користел нулата во алгебарски равенки и до 9 век таа станала дел од системот од арапски броеви во формата во која се користи денес. Во Европа, Римјаните не ја прифаќале бидејќи била противречна на нивните римски броеви, но на континентот била постепено прифатена, особено од италијанскиот математичар Фибоначи.

Математиката се развила и нулата станала камен-темелник на калкулациите. Сега е во основата на современиот компјутерски бинарен систем од нули и единици.

Погледнете ја оваа кратка историја на нулата од д-р Хана Фрај од Кралскиот институт:

Подготвил: Марта Димитров
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура