Науката ги нема одговорите на сите прашања. Исто така, треба да се има на ум дека и тврдењата на науката не се секогаш дефинитивниот одговор.
Секоја научна студија се базира на она што се знае дотогаш. Како и да е, корисници на „Редит“ ќе ве потсетат на неколку прашања за кои не постои одговор.
Дали сме сами во универзумот?
Со големината на универзумот и со бесконечниот број на вселенски тела, сѐ уште не постои конечен одговор на прашањето дали сме сами. Досега не е докажано спротивното.
Зошто плацебо-ефектот функционира?
Дури и физичките болки можат да поминат со нешто за кое подоцна ќе се испостави дека не било лек за болка. Како ова функционира, сѐ уште не се знае.
Зошто луѓето сонуваат?
Во 1953 двајца научници ја набљудувале релацијата меѓу спиење во РЕМ-фаза и додека се одвиваат живите соништа што се паметат. Понатаму се открило дека спиењето во РЕМ-фаза е слично на активноста на мозокот кога одиме, при што РЕМ-спиењето воопшто не е спиење.
Што има на другата страна од црната дупка?
Според Ајнштајн, црната дупка на крај ќе пропадне самата во себе, создавајќи посебност. Црната дупка всушност е способна да вшмука сѐ, но не може да емитува ништо. Сепак, квантната физика ова не го поддржува и тоа е причина зошто ова прашање сѐ уште е отворено.
Како функционира гравитацијата?
Знаеме дека што поголема маса има нешто, толку повеќе привлекува објекти во орбитата. Зошто е така, не постои одговор. Не е разјаснето зошто атомите се држат заедно кога таа сила изгледа различна од гравитацијата. Проблемот со гравитацијата во физиката игра улога и во проблемот за
црните дупки.