X
 04.06.2017 Технологија

Благодарение на виртуелната реалност и најчудните теории денес имаат смисла

виртуелна реалност
Фото: World Science Foundation

Роботот гради Тесеракт. Тој ја движи блескавата коцка која лебди пред него  и се појавува идентична коцка. Ја влече на лево, но двете коцки остануваат поврзани, нанижани заедно со светлечки линии кои зрачат од нивните агли. Роботот ги навалува рацете, а потоа коцките се спојуваат во една форма - со 24 квадратни лица, 16 темиња и 8 поврзани коцки кои постојат во четири димензии. Тесеракт.

Ова не е видео игра. Ова е училница, а роботот е Брајан Грин, физичар на Универзитетот Колумбија и најпродаван автор на неколку популарни научни книги. Неговиот робот аватар предава на уште неколку студенти роботи, а секој од нив носи значка со знамето од сопствената земја. Училницата е вселената: Грин и студентите роботи орбитираат околу Земјата. Откако им покажува за тесерактот, Грин го насочува неговиот клас и го охрабрува да создаде објекти од четвртата, петтата, па дури и шестата димензија. Ова е курс по виртуелна реалност поврзан со теорија за низата; лекцијата е за објекти во повеќе од три димензии.

Во реалноста, Грин носи темно сина кошула, црни фармерки и чизми, а неговиот стол се наоѓа во виртуелно-реален објект наречен „Step Into the Light“. Лицето му е покриено со слушалки за виртуелна реалност.

Грин го учи неговиот футуристички клас како дел од Светскиот фестивал за наука - едно неделна прослава за интелектот и љубопитноста. Тој, заедно со Трејси Деј се основачи. Во прилог на училниците со виртуелна реалност, вклучени се и панел дискусии за иднината на вештачката интелигенција и демонстрации со хемиска тематика. Тука е и сајбер просторот и екстрадимензионалниот простор.

Екстра димензиите се критичен дел од полето на студии на Грин. Теоријата на низата претпоставува дека универзумот е изграден не само од три просторни димензии (нагоре/надолу, страна/страна, напред/назад) и димензијата на времето, туку и најмалку шест други димензии. Овие екстра димензии се премногу мали за човек да ги забележи - од 10 до 33 сантиметри. Но, според теоријата, шесте димензии играат главна улога во контролата на тоа како вибрираат субатомските жици, а овие вибрации утврдуваат како се однесуваат кварковите, електроните и другите основни честички. Овој феномен објаснува како гравитацијата и квантната механика заедно се вклопуваат.

Прилично збунувачки. Дури ни Грин не може совршено да објасни како изгледаат шесте дополнителни димензии. Виртуелната реалност му помага да ја открие смислата во формите. Грин објаснува дека на луѓето би им биле потребни микроскопи способни за гледање во мајмалите честички со цел да се набљудуваат овие димензии. Виртуелната училница поминува низ серија на мрежи за секој да стане доволно мал за да може да ги набљудува шесте димензионални „Calabi-Yau mainfolds“ кои постојат во најситните нишки на реалноста.

Лекцијата е речиси завршена. Грин ги потсетува неговите ученици дека екстра-димензионалната необичност која ја истражувале за време на часот е математичка претпоставка.

Сега училницата лебди пред супермасивна црна дупка. Грин носејќи ги слушалките отвора сосем нов сет на прашања. Еден студент, од Данска, прашува: „Какво е чувството да се предава на едно сосем ново ниво на образование?“ Како што Грин одговара, еден негов студент создава тесеракт над главата на наставникот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија