X
 11.03.2018 Наука

Со матични клетки против срцев удар

kletki

Човечкото тело има извонреден капацитет да се лекува себеси: црниот дроб може да се регенрира во случај да е оштетен, еден бубрег може да научи да работи како два, а нашата кожа постојано работи за да нè заштити од гребнатини и исекотини што можат да нè изложат на штетни патогени.

Но еден од највиталните органи, не може да се излекува себеси. Кога нашето срце е оштетено, од болести или повреди, ткивото не може да се регенерира многу добро ниту многу брзо. Така на пример, по силен срцев удар, милијарди клетки на срцевите мускули може засекогаш да се изгубат. Оваа загуба го слабее срцето и често доведува до состојба на срцева слабост или создавање на лузна на ткивото, што може да биде фатално.

Во моментов, единствената опција за пациентите со оштетено или болно срце е трансплантација на срце. Срцето од донаторот мора да доаѓа од човек чие срце било здраво пред да умре - што обично значи дека овие пациенти биле млади и умреле од некаква несреќа или повреда што не влијаела врз нивното срце. Пациентите кoи чекаат за донатор за да добијат трансплантација, може да чекаат многу долго време.

За среќа, тим на истражувачи од Институтот за матични клетки на Универзитетот во Кембриџ во Велика Британија, развил иновативен начин за поправање на срцевото ткиво. Решението на тимот не е донаторско срце, туку матични клетки за да создадат живи „делчиња“ на срцевиот мускул во лабораторијата. Овие делчиња се само 2.5 квадратни сантиметри, но потенцијално може да бидат моќна алатка за лекување на пациенти со срцева слабост.

„Веруваме дека овие делчиња ќе дадат поголеи шанси за природно да се прилагодат на срцето на пациентот. Создаваме целосно функционално ткиво“, вели Санџа Синха, кардиолог во болницата Аденбурк во Кембриџ.

Истражувачите се обиделе да инјектираат матични клетки директно во оштетеното срцево ткиво, но техниката се покажала како неефикасна - најмногу поради тоа што матичните клетки се губат во крвотокот, наместо да останат на срцевиот мускул, каде што се потребни.

Од друга страна, делчињата од матичните клетки се живи, и за разлика од донаторското срце, пациентот не треба да чека да најде срце што ќе му одговара.

Тимот се надева дека овие делчиња ќе можат да бидат испечатени со 3Д печатар за совршено да се вклопат во областа на оштетениот мускул, а потоа да бидат закрпени во органот од страна на хирург.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука