X
 19.12.2021 Култура

Дали знаете каде и како настанале новогодишните украси?

Божиќ, кој е сѐ поблиску, е особено свечен и важен во малото германско гратче Лауша, во сојузната покраина Тирингија, каде што традицијата на дување стакло се пренесува од колено на колено од почетокот на 19 век. Таму, во 1597 година имало мала фабрика за стакло која произведувала чаши и стаклени чинии, но во 1755 година почнала да произведуваат шупливи стаклени перли што се користеле како накит или играчки.

По воведувањето на ковачкиот мев, во 1820 година дувачите на стакло можеле да „надуваат“ поголеми стаклени предмети, а малку подоцна, во 1847 година, неколку претприемачи од тоа германско место почнале да произведуваат стаклени украси во вид на овошје и јаткасти плодови. До денес, ова место успева да ги задржи квалитетот и вековната традиција и важи за едно од првите што почнале на големо да прават украси за Нова година и Божиќ.

Но, малкумина знаат дека украсите за елката биле направени од потреба, токму во Лауша. Наводно, на почетокот на 19 век невработен дувач на стакло, во недостиг на пари да купи јаболка, јаткасти плодови и други слатки со кои се китела елката, на своите деца им направил стаклени меурчиња за да ја украсат елката.

dekoracija
Фото: Freepik

Производителите на стакло како културно наследство


- Божиќната топка е измислена токму овде, кај нас - гордо вели Герхард Грајнер-Баер, кој ја истражува историјата на традицијата и е одговорен за тоа што вештините на дување стакло во март 2021 година беа признати од УНЕСКО како нематеријално културно наследство.

За дувачите на стакло од ова место, 1880 година била пресвртница. Имено, американската компанија „Вулворт“ склучила договор со германска фабрика за изработка на божиќни украси, нарачувајќи големо количество кревки стаклени предмети.

И ден-денес во Лауша помалите семејни фирми произведуваат украси за новогодишни елки, иако голема конкуренција им се евтините украси од Кина.

Грајнер-Баер вели дека денес во Лауша има уште 15 до 20 семејни компании кои произведуваат уникатни божиќни украси. Тој додава дека повеќе не се класични топки, туку украси и необични предмети. Инспирација бара во книгите за деца или на интернет, но сепак ги користи старите керамички калапи на својот дедо.

Извор: Telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура