X
 03.02.2015 Култура

Френсис Бејкон: Знаењето е моќ

Френсис Бејкон бил англиски филозоф, правник и државник. Тој е еден од водечките фигури во областа на природната научна методологија и филозофија на преминот од ренесансата во модерните времиња, и се смета за еден од основачите на модерната наука и филозофија.

Френсис бил роден во Лондон на 22 јануари 1561 година, а починал на 9 април 1626 година. Живеел во вреем на примитивната акумулација на првобитната акумулација на капиталот, развојот на индустријата и трговијата. Тој бил современик на Вилијам Шекспир и кралицата Елизабета. За време на вледеењето на Џејмс I успеал да стигне на позицијата Лорд канцелар.

Се родил во благородничко семејство. Неговиот татко Никола Бејкон бил државен службеник во владата на кралицата Елизабета I, а неговата мајка Ен Кук Бејкон имала кралска крв.

Френсис студирал на Тринити колеџот во Кембриџ и Греј Ин во Лондон, за после завршувањето на студиите во 1577 година да започне да работи со англискиот амбасадор Сер Амиас Паулет во Париз. После смртта на неговиот татко, тој ја започнал неговата политичка кариера во Долниот дом. Вклучувањето во редовите на високата политика му обезбедило политички меморандум.

Во 1593 година ја изгубил наклонетоста од кралицата Елизабета I, па некое време бил политички советник на грофот од Есекс. Во 1606 година после доаѓањето на власт на шкотскиот крал Јаков VI, кој ја презел англиската круна од името Јаков I, Бејкон бил назначен витез, а потоа станал државен адвокат, за на крај да стане државен обвинител.

Понатамошен напредок во неговата кариера направил во 1617 година кога бил примен во Домот на лордовите, и бил назначен на функцијата на Лорд канцелар.

Неговата филозофија: Знаењето е моќ

Бејкон бил еден од основачите на модерната наука и модерната филозофија. Во делото „Novum Organum Scientiarum“ тој накратко ги опишува основните принципи на неговата филозофија. Тој го поставил принципот на експерименти кој е највисокиот принцип на сите научни истражувања, а развил и индуктивен метод на познанието.

Целта на науката и филозофијата е на човек да му обезбедат нови пронајдоци и добра, да успее да ја совладее природата, да ја зголеми моќта над природата, бидејќи знаењето е моќ.

Бејкон ја критикувал старата логика и методот на дедукција. Тој вовел метод на индукција што претставувала единство на експериментот и рационалното сознание. Тој сметал дека пред методите на иднукција треба да се исчисти разумот од предрасуди.

Напишал голем број филозофски, литературни, историски и правни дела на англиски и латински, од кои повеќето биле објавени постхумно.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура