X
 08.03.2016 Технологија

Зошто учениците треба да бидат дигитално писмени?

дигитална

 

Повеќето ученици кои одат на училиште денес се дигитални „домородци“. Тие пораснаа со паметните телефони и таблети, комуницирајќи со светот на доста различен начин отколку што комуниравме ние пред 15 години. Благодарение на чудата на интернетот ние сме оддалечени само еден „клик“ од информациите за било која тема.


Светот стана помал, метафорички кажано, а текстовите повеќе не се ограничени само на книги во библиотека. Наместо тоа, постојат голем број интерактивни ресурси, онлајн архиви, веб страна, аудиовизуелни материјали и апликации за паметни телефони и таблети кои се лесно достапни.

Со тоа на ум, вреди да се размислува за тоа како училиштата можат да ги подготват учениците да одговорат на богатството информации кои им се на располаѓање, и како тие можат да ја користат технологијата за лични и социјални бенефиции. Еден од начините за подготвување на студентите е преку промоција на интердисциплинарна дигитална писменост.

Дигиталната писменост е повеќе од надлежна употреба на уредите. Таа всушност на учениците им овозможува да ја користат технологијата на критичен начин во однос на пошироките општествени одговорности и глобалното државјанство. „FutureLab“ вели дека дигиталната писменост е да се има пристап до широк спектар на практики и културни ресурси кои се во можност да се однесуваат на дигиталните алатки. Тоа е способност да се направи и споделува значењето во раазлични модели и формати; да се создаде, обработува и ефективно да се комуницира како и да се разбере како и кога дигиталните технологии можат да се искористат за поддршка на овие процеси.

Зошто учениците треба да бидат дигитално писмени?

Постојат сомневања дека елементите на дигиталната писменост веќе постојат во повеќето училишта, од е-безбедност до техничка компетентност во областа на ИКТ секторот. Сепак, повеќе социјални и критични елементи се појавуваат како послабата алка. Учениците ги имаат сите потребни вештини за користење на технологијата, но не секогаш имаат вештини за критичко размислување и проценување на информацијата пред нив. Постојат две причини зошто учениците треба да бидат дигитално писмени:

1. Учениците имаат преносливи вештини за спроведување на онлајн истражувања и пристап до голем број дигитални текстови во голем број на контексти
.

Ако наставникот треба да копира белешки или истражувања полни со жаргон кои ученикот не може да ги објасни, тогаш постои потреба да се преиспита начинот на кој се учат учениците да ја користат технологијата надвор од ИКТ. За да се промовира дигиталната писменост во наставната програма, персоналот треба да избегне да ја гледа дигиталната писменост и технологија која треба да биде развиена само од ИТ наставниците.

Технологијата нуди голем сепктар на можности за развој на искуствата за учење во широк спектар на теми. Ако се промовира дигиталната писменост низ наставната програма потребен е позитивен јазик. Со промена на јазикот кој наставниците го користат, учениците ќе согледаат дека и наставниците се на истото патување и ќе имаат подобро искуство.

Доколку учениците имаат таблети за време на настава, тие веднаш ќе имаат пристап до речници, и ќе можат да искористат ресурси за да ги лекторираат нивните дела. Сепак, потребно е наставниците да обрнат внимание на едно нешто: учениците пасивно консумираат се она кое се смета за „точен одговор“ - ова е навистина голем проблем за наставниците кои имаат одговорност да промовираат писменост низ наставната програма. Но, на учениците им е потребно повеќе од функционална писменост за да успеат и да напредуваат во ерата на информациите. За учениците да бидат подготвени за животот надвор од училницата, од суштниско значење е тие да се вклучат во дискусии за авторитет, пристрасност, сигурност и валидност, такашто тие ќе можат да и` пријдат на секоја тема на начин кој е предизвикувачки и академски критичен.

Со ова учениците се поставени во одлична позиција за рпистап до голем број на информации во рамките на наставната програма како и во нивниот живот и иднина надвор од образованието.

2. Учениците треба да имаат поголема свест заз односот помеѓу технолошките и социјалните светови во кои живеат.


Дигиталната писменост не само за едно лице кое користи дел од технологијата. Низ многуте канали на компјутерски посредуваната комуникација, ние сме во состојба да бидеме социјално активни: подобро или полошо. Во најдобар случај, учениците можат да потпишуваат онлајн петиции, да се поврзуваат со луѓето кои го споделуваат нивното мислење и имаат слични интереси и ги користат социјалните медиуми за да изградат и одржуваат односи. Во најлош случај, тие можат да се впуштат во штетно онлајн однесување како што е сајберсилеџиство или да се дел од ризично однесување со што потенцијално создаваат доживотни дигитални стапалки за кои ќе зажалат кога ќе созреат.

Со изградба на вештини за истражување и идеи за авторитет, валидност и сигурност, учениците ќе можат да истражуваат содржини со кои ќе се соочат во нивната социјална употреба на технологијата. Постои огромна количина на информации, меѓутоа не е се` вистина и голем дел од овие информации одат во порешна насока. Ако учениците немаат критичност да ги проценат текстовите, тогаш голема е веројатноста тие пасивно да го консумираат сето она што им се става пред нив.

Најдобар пример за тоа се таканаречените „мемиња“ кои се споделуваат на социјалните мрежи и кои даваат неточни факти за одредена група на луѓе. Постои ризик ваквите онлајн кампањи да успеат во ширењето на пораки на омраза. Ако младите луѓе се дигитално и критички писмени тогаш тие ќе можат да проценат што е вистина, а што не е вистина.

Заклучок

Со толку многу информации достапни во голем број на мултимодални формати, потребно е да се вклопат технолошкото учење и критичката писменост заедно, такашто студентите ќе можат критички да ги оценат информациите додека тие пристапуваат до нив. Учењето на дигиталната писменост е нешто што треба да биде вметнато во редовната настава во сите фази на образованието. За да се направи тоа, потребно е да се предава од секој наставник по сите предмети, на начин кој е соодветен за учениците.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија