X
 07.04.2017 Култура

Тајната на генијот според Алберт Ајнштајн

Игра на комбинации.

„Што е тоа?“ би прашале.

Тоа е процес на комбинирање ресурси, информации и инспирација преку различни дисциплини за да се креираат оригинални идеи.

Ајнштајн ја измислил оваа фраза, додека свирејќи на виолина ги смислувал своите најголеми идеи.


Фото: Wikipedia

Во авторската книга „Идеи и ставови“, тој ги артикулира своите интелектуални и ментални активности, поврзани со неговата умствена функционалност.

Извадокот во продолжение датира од 1945 година, од преписката со францускиот математичар, Жак Адамар, како одговор на неговото истражување за менталниот процес на познатите научници.

Ајнштајн напишал:

„Драг мој колега,

Ќе се обидам да ти одговорам накратко и според моите способности на твоето прашање. Нема да се задоволам од одговорите и изразувам желба да одговорам на повеќе прашања ако сметаш дека би ти било од помош за твојата исклучително интересна и тешка задача.

(A) Зборовите или јазикот, во нивната пишувана и говорена форма, се чини дека не играат никаква улога во мојот мислечки механизам. Психичките ентитети кои служат како елементи во мислата претставуваат одредени знаци и, повеќе или помалку, јасни слики кои ’своеволно‘ се репродуцираат и се комбинираат.

Се разбира, меѓу тие елементи и релевантните логички концепти постои определена врска. Исто така е јасно дека желбата да се стигне до логички поврзани концепти е емоционалниот темел на оваа нејасна претстава со гореспоменатите елементи. Но, од психолошка гледна точка, оваа игра на комбинации се чини е суштинската особина на продуктивната мисла – пред да постои каква било врска со логичка конструкција во зборовите или другите типови знаци кои можат да им се приклучат на другите.

(Б) Елементите кои ги споменав, во мојот случај се од визуелен и развиен тип. Конвенционалните зборови или други знаци мора напорно да се бараат само во секундарната фаза, кога асоцијативната игра е воспоставена и може да се репродуцира во волјата.

(В) Во дослух со веќе кажаното, целта на играта со споменатите елементи е да биде аналогна со одредени логички врски кон кои се стреми мислителот.

(Г) Визуелно и подвижно. Во фаза кога зборовите во сè се вмешуваат, кај мене се чисто аудитивни, но, како што веќе кажав, се мешаат само во секундарната фаза.

(Д) Ми се чини дека она што го нарекуваш полна свесност е граничен случај кој никогаш во целост не може да биде постигнат. Мислам дека е поврзано со фактот наречен ограничена свест (Enge des Bewusstseins).“
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура