X
 08.05.2015 Култура

Рецензија на книгата "Малиот Принц" - Антоан де Сент Егзипери

малиот принц

 

Од сите книги на познатиот Антоан де Сент Егзипери, „Малиот принц“ дефинитивно е најсакана на повеќе јазици. Се чини дека на прв поглед, наместо да биде перцепирана како убава парабола, книгата ги збунува своите читатели.


Но, со текот на времето, читателите го променија ова мислење и сфатија дека класиката е класика.

Сите ја знаат основата на приказната: нараторот кој е авијатичар, поради дефект на авионот, принуден е да се спушти среде пустината Сахара кадешто го среќава малиот принц, кој е од друга планета, поточно астероидот Б 612.

Потребни се неколку читања на книгата за да се сфати за што всушност раскажува книгата. Најбогатиот начин за да се перциепира книгата е на неа да се гледа како на продолжена парабола на видови и апстракција со посебен интензитет на приказната во која Егзипери ја драматизира борбата против апстракцијата не како филозофска тема, ами како приказна за животот и смртта. Книгата се движи од астеридот во пустината, од комедија до загадочна трагедија, со цел да направи еден заклочок: Не можеш да ги сакаш ружите. Можеш да сакаш само една ружа.

Патувањето на Принцот е патување во егзил, далеку од генеричкото искуство кон љубовта кон одреден цвет. За да се биде одговорен за сопствениот цвет Принцот сфаќа дека треба цветот да го гледа онаков каков што навистина е, со сета негова кревкост и суета - без да го сака помалку поради неговата кревкост.

Најпознатиот поставен елемент на книгата, оној во кој најмногу уживаат возрасните е сатиричноста на Егзипери, неговите намерно наивни илустрации и неговите инспирирани пораки за супериорноста на чувствата над интелектот, корупцијата на цивилизацијата и чистата мудрост на децата. Книгата е повеќе авантура од алегорија во која се среќаваме со лик во најнискиот момент од неговиот живот.

Она што привлекува кај ова класично дело е едноставноста на тонот на кој таа се раскажува, едноставниот стил и секако, Малиот Принц кој постојано прашува и не` тера самите да се запрашаме дали сме потиснати од грубиот свет на возрасните во кој не постои шаренило и кој ни ја доловува сечија животна цел: да се биде одговорен, солидарен, хуман и пред се` човек.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура