X
 25.06.2016 Образование

Образованието во Велика Британија по референдумот

Сега сите знаеме. Велика Британија сака да излезе од Европската унија. Тоа покажуваат резултатите од референдумот кој се одржа во четвртокот. Сега, Велика Британија тргнува во нова, непозната насока. Многумина не' знаат што следува. Дали на оазата на интелектуалци и социјална толеранција ѝ се заканува невреме? Што следува за универзитетите?


Кит Барнет пишува во прво лице за „Times higher education“ дека оние луѓе кои работат на универзитетите знаат дека не можат да бидат целосно независни од светот околу нив. Образованието и студентите се основани на соработка.

„Да, згрозен сум што ова е одлуката до која се стигна и не само за мене. Мислам на големите професори и академци од континентот кои ме инспирирале, но многу повеќе на вработените и студентите од другите европски земји кои се сега со нас“, пишува тој.

Велика Британија е дел од многу проекти со други европски универзитети и дел од образовните проекти зависат од финансии на ЕУ. Но, тој смета дека без разлика на она што ќе се случи во иднина, професорите и другите кои се во образованието мора да бидат заедно.

„Верувам дека се грижиме и дека нашата работа значи. Не само за нас туку и за оние индивидуалци и заедници кои ќе имаат потреба од нашите медицински откритија, влијанието на нашата наука и иновација и откритијата во нашите социјални науки, уметностите и општествените науки“, додава тој.

Земјата е дом на многу светски познати универзитети, а тие треба да продолжат да бидат глобални во нивното влијание.

„Ќе направиме се' што можеме за да учиме и инспирираме идни генерации и да бидеме скривалиште за оние кои бараат место каде што откритието и дебатата за идеите се кралот и кралицата“, заклучува тој.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование