X
 26.05.2017 Култура

Најмилозвучниот јазик во светот

Ако некогаш имате доволно среќа да го посетите подножјето на Хималаите, тогаш можете да слушнете извонреден дует низ шумата. За оние на кои звукот им е непознат, може да им звучи како загревање на чуден инструмент. Во реалноста, волшебната меморија е звукот на двајца љубовници кои зборуваат на тајниот, свиречки јазик.

Заедно со уште неколку други заедници, Хмонг луѓето можат да зборуваат со свирење. Звуците им овозможуваат на земјоделците на разговараат преку полињата, а на ловците да се повикуваат еден со друг во шумата. Но, нивниот јазик најубаво се изразува во текот на сега ретко изведен начин на додворување, кога момчињата талкаат низ околните села во ноќта, свирејќи ги нивните омилени песни меѓу куќите. Ако една девојка изреагира, парот ќе започне флертувачки дијалог.

Не се само примамливите мелодии оние кои го прават овој јазик, совршениот јазик на љубовта. Во споредба со говорните разговори, тешко е да се спознае идентитетот на парот од нивните свирења - со што се нуди анонимност. Парот дури и може да создаде свој личен код, додавајќи бесмислени слогови за да ги збуни прислушувачите.

„Им дава интимност“, вели Џулијен Мејер, од Универзитетот Гренобл, Франција, која имала можност да го посети регионот во раните 2000-ти.

Оваа пракса не само што ја нагласува неверојатната јазична разновидност на човештвото туку може да помогне во разбирање на границите на човечката комуникација. Во повеќето јазици, свирењето со устата се користи за привлекување на вниманието; меѓутоа тука, се чини дека носи многу големо значење.

Мејер успеала да идентификува повеќе од 70 групи низ светот кои би можеле да користат свирење за да се изразат себеси со сета флексибилност на нормалниот говор.



Овие мистериозни јазици демонстрираат неверојатна способност да декодираат информации од нови сигнали - со увид кој предизвикува некои невролози да се преиспитаат за основната организација на мозокот. Истражувањето може дури и да фрли светлина врз појавата на самиот јазик. Според една теорија, нашите први зборови може да звучеле нешто како песните за додворување на народот Хмонг.

Интересот на Мајер за ваквите јазици започнал со 40 годишната американска статија за Силбо Гомеро - форма на свиркање на шпански кој се зборувал на Канарските Острови. Овие звуци им овозможувале на овчарите да комуницираат низ длабоки долини. Тие се толку блиски со песните на птиците, што птиците почнале да ги имитираат човечките дијалози.

Мејер веднаш станал фасциниран. Една деценија подоцна, тој се` уште е зависен. „Не мислев дека еден ден ова ќе ми обезбеди работа“, вели тој.

Голем дел од неговото истражување е фокусирано на откривање на нивната распространетост ширум светот. Во 5 век п.н.е., грчкиот историчар Херодот опишал група на пештерски Етиопјани: „Говорот им е како ниеден друг во светот; звучи како зборување на лилјаци“, напишал тој.

Мејер успеал да идентификува вакви јазици на секој агол на земјината топка. Со оглед на тоа што свиркањет може да патува многу повеќе отколку нормалниот говор - 8 километри на отворени услови - оваа форма на јазикот најчесто може да се најде на планините каде им помагаат на овчарите и фармерите да пренесат порака.

Јасно е дека јазиците со свиркање не се легенди - туку енергичен метод на комуникација за милиони луѓе кои живеат денес. Мејер откри дека оние кои течно зборуваат со јазикот на свирење може да декодираат реченици со повеќе од 90% точност.

Понатамошните истражувања од овој процес предизвикуваат некои невролози да го преиспитаат начинот на кој е организиран мозокот. Со децении, истражувачите претпоставиле дека секоја страна на мозокот е високо специјализирана за одредени задачи - а јазикот паѓал во левата хемисфера. Но, Онур Гунтуркун од Рур Универзитетот во Бохум, Германија сакал да дознае дали истото важи и за јазикот со свирење. „Начинот на кој го слушаш или читаш јазикот не треба да прави разлика“, вели тој.

За да открие, тој отпатувал во Куској односно „селото на птиците“ кое се наоѓа во долина во близина на Црното Море. Како луѓето од Ла Гомера, овчарите свиреле пораки низ планинската рамнина.

Скенер на мозокот би бил премногу тежок за носење до Германија, односно до изолирано село, па затоа Гунтуркун импровизирал со едноставна задача која вклучувала слушање на неколку различни слогови во секое уво, а од кандидатите се барало да кажат кој слог го слушнале. Експериментот бил насочен на особеноста на поврзаноста на телото. Како резултат, слогот кој доаѓа од десната страна има тенденција да ни го привлече вниманието. Ако Гунтуркун би ви пуштил „па“ во вашето лево уво и „та“ во вашето десно уво, вие ќе го слушневте „та“ - бидејќи тој збор стигнува прв до центарот за обработка на јазикот.

Барем, тоа била теоријата. Но, ова не се случило кога луѓето од Куској ги слушале слоговите. Наместо да го фаворизираат левото или десното, тие подеднакво можеле да утврдат од каде доаѓа насоката на звукот. „Асиметријата ја немаше. И двете хемисфери ја делеа работата“ вели Онур.



Ова не само што ја покажува флексибилноста на мозокот, туку може да им помогне на луѓето кои доживеале мозочен удар да ги обноват своите животи.

Јазиците со свирење исто така се предмет на интерес за невролозите кои истражуваат една друга уникатна особина на човекот - музиката. Се` повеќе докази укажуваат дека јазикот и музиката се потпираат на исти мозочни региони. Ова може да објасни зошто часовите по музика може да ублажат говорни проблеми или проблеми со слухот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура